Skip to main content

Мексико со многу неизвесност го очекува првиот натпревар

На помалку од 24 часа до првиот натпревар на Светското првенство во фудбал главниот град на Мексико, Мексико Сити се соочува со бран на демонстрации. Илјадници незадоволни наставници најавуваат блокади на стадионот Астека каде ќе биде и отворањето на Мундијалот. Во меѓувреме дојде и до конфликт со полициските сили.

На протестите им се приклучија и земјоделците, здравствените работници и мајки на исчезнати деца, сите бараат поголеми плати и реформи на пензискиот систем. Демонстрантите најавија дека ако не се исполнат нивните барања ќе ги блокираат патиштата до стадионот за натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка (четврток, 21 часот).

Претседателката на Мексико Калудија Шајнбаум со декрет четврток – 11.јуни го прогласи за неработен ден и даде препораки сите што се во можност да работат онлајн. Таа им вети на навивачите и на ФИФА целосна безбедност и алтернативни патишта за пристигнување на натпреварите.

Припадниците на Мексиканската Национална гарда постојано го обезбедуваат стадионот во пограничниот град Тихуана, каде во изолиран камп тренира репрезентацијата на Иран.

Поврзани вести