Skip to main content

Николоски: Лидерот на опозицијата месец дена не сме го виделе, веројатно е во Грција

​Вицепремиерот Николоски беше прашан дали премиерот во рамки на екскурзијата во Белгија ќе има и политички средби и разговори поврзани со блокираните евроинтеграции, Николоски, рече дека „од она што го знам, се работи за приватна посета“. 

-Сите имаме право на одмор, секако и премиерот има право на одмор…  Секој си го бира своето место. Мислам дека, да бидам директен, е безобразно ова што го прави опозицијата. Да не му се дозволи на човек 5-6 дена да одмори во услови кога лидерот на опозицијата месец дена не сме го виделе, веројатно е во Грција, и што е негов избор, и тоа никој не го коментира. А од друга страна, во овие пет дена во коишто премиерот решил да се види со семејството, да пропатуваат заедно, да вака се прави напад, мислам дека е безобразно, немам друг збор – изјави Николоски. 

Николоски, нагласи дека се навикнати на ваквите напади, посочувајќи дека тоа го правеле и „додека бевме во опозиција и сега кога ја водиме државата“. Но, како што подвлече „и граѓаните го гледаат тоа и затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што е, а рејтингот на СДСМ е тој што е

Поврзани вести