Skip to main content

Cеверна Кореја префрлa балистички ракети и платформи за лансирање во Русија

KCNA

Cеверна Кореја префрлила балистички ракети и мобилни платформи за нивно лансирање во Русија, објави „Ројтерс“.

Повикувајќи се на информации објавени од Главната дирекција за разузнавање на Украина при Министерството за одбрана, агенцијата наведува дека во Русија се распоредени шест платформи за лансирање ракети КН-23. Според британските новинари, планот е да бидат префрлени 120 вакви ракети (од кои 40 веќе се испорачани).

Овој извештај се надоврзува на информациите од 30 јули, кога украинските воени власти веќе објавија дека, врз основа на анализата на остатоците од паднати проектили, руските сили повторно почнале да ги користат овие ракети по подолг период.

Во суштина, овие ракети се аналог на руските ракети „Искандер-М“, кои можат да лансираат стандардна боева глава од 500 кг на растојание од 450 км, како и полесна верзија на растојание до 690 км.

Cеверна Кореја неодамна објави изградба на нови погони за производство на овие ракети. Тоа ќе им овозможи на Севернокорејците да го зголемат своето производство за 2,5 пати во период од 5 години.

Поврзани вести