Skip to main content

Oсвежете се со вкусен џем од малини

Малините се сметаат за рајско овошје. Да уживате во нив и во зима направите џем. Овој џем се готви кратко, за да се зачува аромата, бојата и вкусот на овошјето.

         Состојки:

  • 1 кг малини
  • 500 гр шеќер 
  • 20 грама желатин 

Подготовка:


 Измиените малини измешајте ги со шеќерот и оставете да отстојат 1 час. Гответе во голем сад на силен оган 20 минути и постепено остранувајте ја пената. Измешајте го желатинот во 1 дл ладна вода, и кога желатинот ќе набабри додадете го во врелата маса. Тргнете од оган и мешајте додека желатинот целосно не се раствори .Вратете го џемот на оган само да зоврие.Отстранете ја пената и наполнете ги загреаните тегли и веднаш затворете ги со метални капаци. Свртете ја секоја тегла на капакот и оставете ја наопаку 5 минути, да се вакумира. Изладете го на собна температура, а потоа чувајте го на темно и ладно место.

Поврзани вести