Skip to main content

Трабзон се засилува со уште еден играч на Ливерпул

Екипата на Трабзон потпиша двегодишен договор со Мохамед Салах, а според информациите од турските медиуми постои голема веројатност клубот да донесе уште едно засилување поранешен член на Ливерпул.

Репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах беше пречекан од 25.000 симпатизери. Според информациите Трабзон е во преговори со репрезентативецот на Уругвај, Дарвин Нуњез. Тој уште е член на Ал-Хилал.

Двата клуба договориле Нуњез за турскиот клуб да настапува како позајмен играч и наскоро треба да се приклучи на својата нова екипа.

Салах и Нуњез имаа одлична соработка во нападот на Ливерпул, пред сè кога репрезентативецот на Уругвај беше на теренот