Skip to main content

Честитка од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан, до вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј

МИА

Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, испрати честитки и благопожелби во пресрет на празникот на светиот апостол Вартоломеј и именденот на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј – информира Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска рхиепископија.

На неговата сесветост, соопштуваат, му се честитаат и значајните јубилеи што годинава ги одбележува – 35 години од неговото патријаршиско служење на престолот на Великата Христова црква и 65 години од почетокот на Неговата свештеничка служба.

Во честитката се изразуваат молитвени благопожелби за добро здравје, духовна крепост и уште многу години плодоносно патријаршиско служење.

Поврзани вести