Skip to main content

Пиротехничари извлекоа неексплодирана граната од водите на Преспанското Езеро

Вчера во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на Преспанското езеро била пронајдена граната.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата светска војна.

Поврзани вести