
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк изјави дека во Либан ќе биде испратена специјална мисија за да ги истражи наводните прекршувања на меѓународното право извршени од почетокот на војната.
Постигнав договор со владата на Либан за непристрасна и независна мисија за процена на ситуацијата во земјата, наведе Турк.
Според него, тимот наскоро ќе биде испратен во Либан за да собере информации и докази за наводните кршења на меѓународното право извршени од Хезболах и Израел во конфликтот што почна на 2 март.
Според најновите податоци од либанските власти, во израелските напади загинале 3.666 лица.

Македонски



