
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа објави дека изборите ќе се одржат во текот на оваа година, отфрлајќи ги со тоа шпекулациите за нивно одложување.
Тој најави и низа собири и манифестации од 26 до 28 јуни, на кои, како што рече, ќе бидат презентирани политички и економски планови, заедно со централен настан во Белград на 27 јуни.
Морам да помогнам и сакам да и помогнам на партијата на која припаѓам и се подготвуваме за претстојните избори…Изборите ќе бидат оваа година, како што ветив и луѓето знаат дека тоа ќе се случи оваа година“, рече Вучиќ.
Како што рече, неговите политички противници сакаа да ги искористат младите од Србија за да дојдат на власт.

Македонски


