Skip to main content

Полицијата уапси околу 780 лица во нередите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

Фрипик

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, што е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан.

Полицијата приведе 457 лица, рече Нуњез, пренесува „Фигаро“.

Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите претставуваат сериозен предизвик за полицијата.

Поврзани вести