
Седумдесет и петгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако била прегазена од автомобил на сервисна улица кај гробиштата во Ѓорче Петров.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 10:45 часот во СВР Скопје.
На сервисна улица кај Гробишта Ѓорче Петров во Скопје, патничко возило ‘Киа’ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(68) од Скопје, удрило во 75-годишната Д.Т. од Скопје“, соопшти МВР.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонски


