
Градоначалникот на Скопје денеска, заедно со учениците, ги пречека идните средношколци кои од септември ќе го започнат своето средно образование во градските средни училишта.
Тој порача дека новите генерации ги очекуваат значително подобрени услови за учење, со модерно опремени училници, уредени училишни дворови, спортски терени, современи лаборатории и енергетски ефикасни училишни објекти.
„Тоа е сликата што сакаме да ја гледаме во секое училиште – простор во кој младите ќе учат, ќе создаваат, ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе го градат својот карактер“, истакна градоначалникот.
Тој нагласи дека Градот Скопје продолжува со инвестициите во образованието, оценувајќи дека секое вложување во училиштата претставува вложување во иднината на децата, на градот и на државата.
На идните средношколци им посака успешен почеток, многу знаење, нови пријателства и храброст да ги следат своите соништа, додавајќи дека ќе продолжат активностите за создавање модерни, безбедни и функционални училишта подготвени за новите генерации

Македонски



