Skip to main content

Детали за пукањето во Турција: Се огласи гувернерот, еве кој е напаѓачот

Во Шанлиурфа, во јужна Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, а првите детали од местото на настанот ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека напаѓачот извршил самоубиство.

Напаѓачот е поранешен ученик во училиштето. Тој посетувал само 9-то одделение, по што се префрлил на отворено (воннаставно) образование. Роден е во 2007 година. Откако бил опкружен со интервенција на училиштето и другите служби, лицето било пронајдено мртво, откако извршило самоубиство“, навел гувернерот.

Штом влегол низ надворешната врата, почнал да пука од пушка со долга цевка. Прво пукал лево и десно, а потоа пукал во сè што му се нашло на патот во зградата, изјавиле сведоци на нападот за локалните медиуми.

Во нападот беа повредени вкупно 16 лица, повеќето од нив ученици. Се вели дека еден повреден наставник е во сериозна состојба.

Застрашувачките моменти од инцидентот беа снимени со камери од мобилни телефони. Безбедносните сили сè уште спроведуваат операции на терен.

Поврзани вести