
Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВРЕДИ за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ.
Од партијата истакнуваат дека учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција – Македонија во Истанбул е доказ за активниот пристап на институциите во создавањето нови мостови на соработка со бизнис-заедницата и инвеститорите.
Владата, со своите претставници од ВРЕДИ, работи на создавање поволна инвестициска клима преку политики што го поддржуваат производството, иновациите, технолошкиот развој и отворањето нови работни места, позиционирајќи ја државата како сигурен и конкурентен партнер во регионот“, велат од ВРЕДИ.
Оттаму додаваат дека продлабочувањето на економската соработка со Турција не е само дипломатски приоритет, туку и можност за економски раст, унапредување на домашната индустрија и создавање нова развојна перспектива за државата.
ВРЕДИ ќе продолжи да поддржува политики што носат инвестиции, ја зајакнуваат економијата и градат долгорочни партнерства во интерес на граѓаните и иднината на Македонија“, велат од партијата.

Македонски



