Skip to main content

Паника пред Светското првенство: Пукање во близина на базата на Англија, има повредени

Девет лица се повредени во вооружен инцидент што се случил во близина на хотелот и тренинг-центарот што англиската фудбалска репрезентација ги избрала за своја база за време на Светското првенство во Канзас Сити, во американската држава Мисури.

Според информациите, полицијата интервенирала околу 4 часот наутро по локално време по пријава за пукање. По пристигнувањето на местото, службениците затекнале поголема група луѓе кои се разотидувале.

Најпрво била укажана помош на три повредени жени, а уште шест возрасни лица подоцна самостојно побарале лекарска помош во болница. Вкупно девет лица се здобиле со повреди, но според надлежните, ниту една од нив не е животозагрозувачка.

Инцидентот се случил во близина на објектите што треба да ги користи англиската репрезентација за време на турнирот. Сепак, фудбалерите во моментот не биле во близина на местото на настанот, бидејќи се наоѓаат на подготовки во Флорида.

Полицијата соопшти дека засега нема уапсени лица и дека истрагата за околностите на пукањето е во тек.

Поврзани вести