
Утре, 09.06.2026 година (вторник), со почеток во 10:30 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров.
Со реализацијата на овој значаен проект ќе се обезбедат осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес и ќе се унапреди образовната инфраструктура во општината.
По завршувањето на официјалниот дел од настанот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.

Македонски


