
Капитенот на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, е задоволен од ждрепката за вториот круг од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.
„Би рекол дека, пред сè, најважно е да бидеме сите здрави, а уште поважно е да бидеме комплетни.
Селекторот да ги има на располагање сите играчи бидејќи има неколку кошаркари кои не беа дел од овој прв претквалификациски циклус, во којшто остваривме максимален резултат.
Факт е дека имаме малку полесни противници во втората рунда, но тоа е само на хартија.
Во кошарката одамна нема лесни натпревари и фаворити однапред. Пред нас се нови четири средби, а ние мора да одиме чекор по чекор.
За разлика од овој циклус, во августовскиот ќе имаме помалку денови за подготовки. Но, доколку сме сите на број и го достигнеме вистинското ниво, верувам дека ќе имаме уште поголеми шанси да ја оствариме главната цел – пласман во квалификациите за следното Европско првенство“, изјави Стојановски.

Македонски



