Skip to main content

Шеј Гилџес-Александер повторно избран за МВП на НБА лигата

Шеј Гилџес-Александер ја доби МВП наградата како најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Тој стана 14. играч во историјата на НБА лигата, кој ова признание го освојува две сезони една по друга, пренесува ЕСПН. 

Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, ја доби наградата пред другите двајца финалисти Виктор Вембањама од Сан Антонио и од Никола Јокиќ од Денвер. Гилџес-Александер е првиот бек по Стеф Кари, кој ја добива наградата.

Во текот на целата сезона имаше просек од 30 поени по натпревар со процент на шут од 55 отсто. Од бројките што ќе останат во историјата ќе биде запишано дека никогаш немаше помаку од 20 поени по натпревар. Неговата статистика е неверојатна со +788 индексот плус/минус или за повеќе од 100 индекс поени пред вториот Вембањама.

Поврзани вести