
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја минаа четвртфиналната пречка од плејофот во Западната конференција, откако синоќа во шестиот натпревар од серијата до четири победи го совладаа Хјустон со 98-78 и во конференциското полуфинале ќе играат против актуелниот НБА шампион Оклахома.
Во отсуство на Словенецот Лука Дончиќ, ветеранот Леброн Џејмс го предводеше ЛА Лејкерс до триумфот со 28 поени, осум асистенции и седум скокови.
Првиот натпревар против Оклахома ги очекува Лејкерси в петок навечер.
Во Источната конференција, Детроит го совлада Орландо со 93-79 и се избори за седми натпревар, додека Торонто со триумф од 112-110 по продолженија, исто така, „преживеаја“ и изнудија „мајсторка“ во пресметката со против Кливленд.
Извор: МИА

Македонски


