Skip to main content

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

Подготвуваме еден поголем пакет којшто е единствен таков во Европа, каде што студентите преку апликацијата „М-услуги“ ќе имаат повеќе привилегии и повеќе услуги во коишто ќе користат привилегии. Ценам дека кога сето ова ќе биде готово, ќе биде пријатно изненадување за студентите. Нормално, тие ќе бидат поканети сето тоа да го претставиме пред нив и ценам дека на овој начин многу повеќе привилегиите на студентите ќе се зголемат од тоа што се сега 140 денари за дневен студентски оброк“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето на „Топ тема“, прашан за тоа кое е решението за „студентскиот оброк“.

Тој посочи дека студентите на овој начин ќе добијат привилегии кои се повеќе од тие коишто ги уживаат денес.

Тоа ќе зависи од договорите коишто ќе ги потпишеме со економските оператори. Некои економски оператори може да дадат привилегија којашто ќе биде 5%, некои може да дадат привилегија 20, 25, па и 50%. Затоа велам, ако тоа го упросечиме, мислам дека ќе биде многу повеќе од тоа што денес го добиваат“, посочи Мицкоски

Поврзани вести