Skip to main content

Ендрик се повреди: Реал Мадрид две недели ќе биде без бразилскиот напаѓач

Facebook / Endrick

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, ќе отсуствува од терените во следниот период поради повреда на бутните мускули на левата нога, објавија од Кралскиот клуб.

Реал Мадрид не прецизираше во соопштението колку време ќе трае закрепнувањето на Ендрик, но весникот „Марка“ објави дека клубот очекува 20-годишниот бразилски напаѓач да биде надвор од терените во следните две недели.

Ендрик одигра осум натпревари за мадридскиот клуб оваа сезона и постигна еден гол, а има и една асистенција. 

Поврзани вести