
Македонската машка кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојниот дуел од вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029 во рамки на кој в четврток во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Кипар.
Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал одлично стартуваа со гостинската победа над Австрија, а за натпреварот против Кипар во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе бидат посилни со кошаркарот на Арис, Ненад Димитријевиќ.
Репрезентативецот Виктор Ефремовски верува дека Македонија има квалитет да продолжи во победнички ритам, особено со поддршката од домашната публика.
Добро стартувавме, победивме со Австрија на гостински терен и мислам дека ќе ја продолжиме оваа победничка серија. Сега тука е и Нено Димитријевиќ, имаме поголем играчки ростер. Против Австрија делувавме моќно и остваривме убедлива победа на гостински терен. Ја повикувам публиката да дојде во што е можно поголем број. Тие се нашиот шести играч и можат да ни помогнат да ја продолжиме победничката серија“, изјави Ефремовски.
Дуелот в четврток започнува во 18 часот.

Македонски




