
Девојка од Киев која порано работела како еротски модел, по име „Фреја“ можеби била вмешана во саботажата на гасоводите „Северен тек“, пишува „Билд“.
Според германскиот весник, „Фреја“ порано водела активен ноќен живот во Киев и позирала за списанија за возрасни, што ги изненадило германските истражители за време на истрагата за терористичкиот напад врз гасоводот.

Позадината на „Фреја“ требало да биде искористена како маска – во случај да бидат забележани од властите, групата наводно планирала да го објасни своето присуство во Германија тврдејќи дека снимаат порнографски филм за нуркачи.

Македонски

