
Земајќи во предвид дека руско-украинската војна што трае над четири години и дека таа и оваа година не губи на својот интензитет, Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) пресмета дека повеќе од половината од сегашниот број украински бегалци ќе останат во Европа до крајот на 2029 година.
Проценката се темели на неколку претпоставки: дека Русија ја задржува контролата врз териториите и дека статусот на привремена заштита на украинските бегалци во Европската Унија завршува во март 2027 година.
Во такво сценарио, УНХЦР предвидува дека 2,9 милиони украински бегалци (56 проценти од нивниот сегашен број) ќе останат во Европа најмалку до 2029 година.
УНХЦР го опишува второто сценарио, кое е статус кво, што значи продолжување на војната.
Во тој случај, се предвидува дека 5,16 милиони украински бегалци (99 проценти од нивниот сегашен број) ќе останат во Европа до крајот на 2029 година.
Во третото сценарио, кое предвидува украинска победа со заземање на територии под руска контрола до крајот на годината, УНХЦР проценува дека бројот на бегалци би се намалил на 32 проценти.

Македонски

