Skip to main content

Сиљановска Давкова: КУД „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ со години јаа чува и негува македонската традиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го посети македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ.

Како што истакна претседателката, ова друштво повеќе од три децении е македонско катче во Словенија, во коешто, со песна, оро, поезија и културно творештво се негуваат и чуваат македонскиот јазик, традицијата и чувството на припадност кон матицата, пренесувајќи ги на помладите генерации. 

Низ годините, од фестивалот „Етнофолк“ и „Прешерново оро“, до литературните, ликовните и музичките настани, членовите на друштвото успеале да создадат препознатлив културен простор, што ги зближува Македонците во Словенија и ја афирмира македонската култура“, нагласува македондката претседателка.

Таа ја посети и првата македонска библиотека во Словенија, којашто е во рамките на културното друштво. 

Поврзани вести