
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва би можела да го продолжи дијалогот со Европа во врска со војната во Украина, објави украинскиот весник „Киев Индепендент“.
Песков вели дека Кремљ е заинтересиран за продолжување на комуникацијата и изрази надеж дека на крајот ќе се постигне „прагматичен пристап“.
Руската страна ќе биде подготвена за тоа“, вели портпаролот на Кремљ.
Песков ја критикуваше високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, која беше премиер на Естонија, оценувајќи дека таа нема да биде соодветна за идните преговори со Москва.
Не би било во интерес на Каја Калас да игра улога на преговарач. Не би било лесно за неа. Ако се сеќавате, рускиот претседател Владимир Путин рече дека може да биде секој, кој не кажува премногу лоши работи за Русија“, додаде портпаролот на Кремљ.

Македонски

