
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека целта на американско-израелските напади врз Иран била ширење несигурност во земјата преку поддршка на терористичките групи, додавајќи дека тие не успеале во тоа.
За време на состанокот со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, Пезешкијан исто така кажа дека овие планови не успеале благодарение на „соработката и одговорноста на соседите на Иран да спречат каква било злоупотреба на нивната територија против Техеран“, објави Фарс.
Пезешкијан додаде дека тоа е вреден и чин за пофалба.
Истовремено, иранскиот претседател им се заблагодари на Пакистан, Ирак и Авганистан што не дозволиле никаква акција против Иран од нивна територија, објави агенцијата Фарс.

Македонски

