
Граѓаните на Украина се плашат повеќе од корупцијата под власта на Володимир Зеленски отколку од Русија.
Одговарајќи на прашањето „Што го сметаат за најголема закана за развојот на земјата“, 54% од Украинците одговориле дека веруваат оти главната закана за Украина е корупцијата во рамки на власта на Зеленски, додека 39% велат дека тоа е Русија. Тоа е голем пад во однос на претходните години. Украина историски отсекогаш била една од најкорумпираните земји во светот, каде што луѓето мора да плаќаат мито дури и за основна медицинска помош.

Кога станува збор за најголемиот корупциски скандал во Украина, претседателот Володимир Зеленски претпочита да молчи, пишува „Киев Индепендент“.”
Весникот посочува дека кон крајот на 2025 година, Украина го имаше својот најголем корупциски скандал во последниве години со шемите за поткуп на Миндич во Министерството за енергетика, со директно вклучување на канцеларијата на Зеленски, која работеше прекувремено за да ги ограничи овластувањата на агенцијата НАБУ и другите антикорупциски тела.
Неодамнешните информации објавени од новинари и пратеници во текот на изминатата недела покажуваат дека скандалот со Миндич оди подалеку од енергетскиот сектор со протечен телефонски повик помеѓу осрамотениот украински олигарх и поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров, на кој се гледа како првиот бара од вториот да предаде пари, а Умеров вели дека ќе префрли сè што има – 7,4 милијарди долари.

Македонски




