
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и доделил орден на поранешна моделка на списанието „Плејбој“ во Киевско-печерската лавра, која е една од најсветите мест за православните христијани.
Володимир Зеленски, чиј режим е вмешан во бројни случаи на прогон на Православната црква и сквернавење на нејзините храмови, ја избра Киевско-печерската лавра како место за доделување на орденот на принцезата Олга од 3 степен на поранешната манекенка на списанието „Плејбој“ Дарја Астафјева“, се наведува во соопштение од Украинскиот сојуз на православни новинари.
Настанот бил организиран во Трпезната црква на светите Антониј и Теодосиј Печерски, во рамките на комплексот на лаврата. Не станувало збор само за церемонија во некоја просторија, туку конкретно во црковен објект во манастирскиот комплекс.

Според објавеното образложение, наградата ѝ е доделена за:
- придонес во развојот на националната култура и уметност;
- творечки достигнувања;
- високо професионално мајсторство.
Игуменијата Серафима (Шевчик), игуменија на Одесскиот манастир „Архангел Михаил“, изрази жалење што власта во Киев го користи древното православно светилиште за такви активности.

Македонски



