
Оваа година Литература.мк одбележува 10 години посветени на книгите, читателите и културните навики што растат заедно со нас. Во изминатата деценија, брендот се позиционираше како едно од клучните места за книги, подароци и училишна програма, создавајќи препознатлив културен простор каде читањето станува навика, а изборот на подарок добива друга димензија.
По повод јубилејот, од 7 до 24 мај се реализира продажната акција „10 години Литература.мк. Културата има адреса“, со специјални попусти на книги и производи. Акцијата вклучува производи од дневно избрани брендови на 30 % попуст, овозможувајќи разновидна понуда на подароци и популарни артикли.
Дополнително, читателите имаат можност да искористат 20 % попуст на изданијата на „Арс Либрис“ и „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, по повод 20 години постоење на издавачката куќа. Оваа понуда важи до 24 мај и им овозможува на љубителите на книгата пристап до наслови што одамна ги посакувале.
Продажната акција ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“: во „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје и во Струмица, како и на најголемата е-книжарница www.literatura.mk.
Понудата може да ја погледнете ТУКА.
Покрај продажниот сегмент, јубилејот ја нагласува и културната димензија на Литература.мк како омилен простор за настани и средби. Изминатава деценија, во овие книжарници се организираа бројни промоции на книги, претстави, мини-концерти, фестивали и различни културни активности кои ја прошируваат улогата на книжарницата од место за купување во место за доживување.
Успешната приказна на Литература.мк се комплетира со Café Literatura, чии добро познати локации се сместени во срцето на книжарниците и функционираат како современи места за пауза, инспирација и дружење.
Литература.мк веќе 10 години ја потврдува својата улога како културна адреса – место каде книгите, уметноста и секојдневието се спојуваат во една заедничка урбана приказна.

Македонски




