
Велика Британија и девет држави од ЕУ ќе создадат сопствена заедничка флота против „руските закани“, пишува „Гардијан“.
Според изданието, шефот на Кралската морнарица на земјата, генералот Гвин Џенкинс, изјави дека Велика Британија се согласила да создаде заеднички поморски сили со деветте европски земји за да ги спречи идните закани од Русија.
Според него, здружените поморски сили треба да „обезбедат потребни поморски, воздушни и амфибиски ударни капацитети по должината на поморската граница со Русија“.

Русија останува најсериозната закана за нашата безбедност“, вели генералот Џенкинс.
Тој појаснува дека мултинационалните поморски сили ќе дејствуваат како „дополнување на НАТО“.
Покрај Обединетото Кралство, декларацијата за намера за создавање заеднички поморски сили ја потпишале Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска, балтичките држави и Холандија.

Македонски


