Skip to main content

Дурмиши: Интензивирани инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, честитајќи го Меѓународниот ден на трудот, информира дека се интензивирани инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија.

Среќен 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и општествениот развој на нашата држава. Во изминатиот период, преку социјален дијалог и колективни договори, постигнавме зголемување на платите во повеќе клучни сектори, со што се подобрува животниот стандард на илјадници работници. Истовремено, ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија“, напиша Дурмиши на неговата Фејсбук-страница.

Како што истакна министерот, преку Оперативниот план за вработување и активните мерки на пазарот на труд, биле создадени нови можности за вработување, особено за младите и ранливите категории.

Нашата заложба останува цврста да изградиме поправеден, поинклузивен пазар на труд и да обезбедиме достоинствени услови за работа за секој работник“, потенцира министерот.