
Уметничката поставка ,,Гестови” беше поставена во алтернативниот галериски простор во Офицерски дом- КИЦ Битола. Кураторката Билјана Исијанин го рефлектираше својот став преку инсталација реализирана во соработка со чешкиот уметник Мартин Зетова со кој соработува подолго време и чие дело за овој настан го претстави на ниво присуство – отсуство и промена на меморијата, што исто така беше претставено и во интерактивното дело на Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кои се надоврзаа на концептот на Исијанин во делото со кое ја рефлектираа тенката граница помеѓу приватноста и транспарентноста. Поставката допре некои суштински карактеристики што ги носи дигиталното постоење. Отворена е за се посета до 9 мај во алтернативниот галериски простор на ЈОУ КИЦ Битола.
,,ГЕСТОВИ” е проект поддржан од Министерство за култура и туризам.

Македонски


