
Минатата недела, извозот на сурова нафта од САД нагло скокнал, достигнувајќи рекордно ниво од повеќе од 6 милиони барели дневно, во услови на тековната криза на Блискиот Исток.
Според податоците од американската Администрација за енергетски информации, оваа бројка го надмина претходниот врв од речиси 5,3 милиони барели дневно, поставен кон крајот на 2023 година.

Вкупниот извоз на нафта и нафтени производи од САД, исто така, достигнал нов рекорден максимум, надминувајќи 14 милиони барели дневно.
Значителен дел од побарувачката за американска нафта доаѓа од Азија поради „сообраќајниот метеж“ во Ормутскиот теснец.
Во меѓувреме, цената на суровата нафта Брент надмина 117 долари за барел, додека американската WTI се тргуваше по околу 105 долари за барел.

Македонски


