Skip to main content

ИРНА: Немаме информации за нови преговори со САД

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека „нема информации“ продолжување на преговорите со САД.

ИРНА, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, наведе дека се разменуваат пораки помеѓу Техеран и Исламабад за „актуелниот развој на случувањата“, по неуспешните преговори за време на викендот за завршување на војната на Блиски Исток.

Претходно, Пакистан соопшти дека подготвува нов круг преговори помеѓу Техеран и Вашингтон.

Неименувани дипломати истакнаа дека Кина, Египет, Саудиска Арабија и Турција исто така се во контакт со Техеран и со Вашингтон, откако четирите земји предложија нов круг преговори во Исламабад оваа седмица.

Тие додадоа дека Кина го советуваа Иран да се согласи на понатамошни преговори.

Високи американски и ирански претставници за време на викендот имаа највисоко ниво директни разговори во изминатите децении. На средбата не е дефинираат план за периодот по истекот на сегашниот двонеделен прекин на огнот.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан во телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон истакна дека Техеран е подготвен да ги продолжи мировните преговори.

Пезешкијан наведе дека Иран ја преферира дипломатијата за решавање на споровите. Според него, заканите, притисокот и воената акција се бескорисни и само „ќе ги влошат проблемите што САД сами ги создадоа“.

Тој додаде дека Европа треба да ги поттикнат САД да се придржуваат до меѓународното право и прописи.

Поврзани вести