Skip to main content

Мицкоски: Размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за граѓаните за одредена група на производи

Анализиравме четири ланци на маркети и цени на 55 производи. Врз основа на споредбата која ја направивме на цените од 1-ви февруари и 1-ви април дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е отприлика за 0,4%, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи кои што ги зголемиле своите цени за неколку проценти, да бидам попрецизен за двоцифрен број на проценти, над 10 %. Кога станува збор за профитните маржи можам да кажам дека тие се намалени споредбено со 1-ви февруари. Тогаш просечните профитни маржи биле нешто над 15%, според нашите калкулации, сега на 1-ви април се под 15%, мислм 14,7%. Во моментов размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за граѓаните за одредена група на производи каде имаме двоцифрен број на проценти зголемување и наскоро ќе излеземе со таков став – рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека има и производи кои се поевтинети.

Поврзани вести