Skip to main content

„Еуроњуз“: Црна Гора би можела да се приклучи на ЕУ до 2028 година

Facebook/Vlada Crne Gore

Црна Гора е близу до завршување на преговорите за пристапување во ЕУ, процес кој трае речиси 14 години, објави „Еуроњуз“.

Според изданието, на состанокот на советодавниот одбор во Подгорица, министерката за европски прашања Мајда Горчевиќ изјави дека земјата влегува во „последната фаза од четиринаесетгодишниот маратон“.

Според Горчевиќ, додека се затвораат поглавјата од преговорите, се подготвува договор за пристапување.

Според пишувањето, во практика, станува збор за последната фаза, а пристапувањето во ЕУ би можело да се случи веќе во 2028 година.

Поврзани вести