
По саботниот пораз во Премиер лигата за екипата на Арсенал продолжуваат проблемите бидејќи пет играчи не беа на тренинг пред дуелот со Спортинг од Лигата на шампионите. По првиот натпревар „топџиите“ имаат предност од 1:0, но за менаџерот Микел Артета продолжуваат проблемите.
Како што пренесуваат британските медиуми на тренингот не присуствувале: Рикардо Калафиори, Мартин Одегард, Деклан Рајс, Букајо Сака и Јуриен Тимбер што носи дополнителна загриженост кај лондонскиот клуб.
Не сакам да навлегувам во детали. Треба да ја сочекаме ситуацијата, изјави Артета, со напомена дека пред самиот почеток на натпреварот ќе ја донесе одлуката за нивниот настап.
Реванш четвртфиналето се игра утревечер на „Емирати“ во Лондон, со почеток во 21 часот.
За Арсенал проблем може да биде и тоа што в недела го играат и дербито од Премиер лигата со Манчестер Сити на гости.

Македонски


