Skip to main content

Aрсенал шампион по 22 години

 Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула.

Второпласираниот Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 на гости против Борнмут, со што им се стави крај на математичките шанси да го стигне лидерот.

Напаѓачот на домаќините, Ели Жуниор Крупи, постигна гол во 39. минута, Сити израмни преку Ерлинг Халанд во 90+5. минута.

Во пресрет на последното 38. коло, Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 82 бода, додека Манчестер сити е втор со 78 бода.

Арсенал го освои англискиот шампионат по 14-ти пат во својата историја. Тимот од северен Лондон ја освоија Премиер лигата за прв пат од сезоната 2003/04, кога „топџиите“ на Арсен Венгер останаа непоразени во Премиер лигата

Поврзани вести