
Америка отсекогаш била земја на измамници – инсајдери, бескрупулозни бизнисмени и политичари. Што е ново денес? Дрскоста. Како со булдожери да се срушени старите норми, пишува американскиот магазин „Њузвик“.
Во 6:49 часот наутро на 23 март, непознати лица инвестираа 500 милиони долари во фјучерси за нафта и акции, обложувајќи се дека цените на нафтата ќе паднат, а пазарот ќе се зголеми. Не постоеше никаква информација за какви било претстојни значајни настани. Во 7:04 часот, Доналд Трамп објавува дека почнуваат преговори со Иран и дека ќе има прекин на огнот. Оние што склучија зделки заработија богатство“, пишува изданието.

Во текстот се додава дека истото се случи помалку од три часа пред Трамп да објави двонеделно примирје со Иран на 7 април. Според податоци на Лондонската берза, инвеститорите се обложиле на пад на цените на нафтата во износ од околу 950 милиони долари – вкупно 8.600 лотови нафтени фјучерси
Тоа што сè уште не се случило, барем јавно, е да има каква било реакција од регулаторните тела, соодветна на обемот на тоа што се случи“, пишува „Њузвик“.

Медиумот додава дека ситуацијата е индиректно поврзана со случајот Џефри Епштајн. Историјата на досиејата на милијардерот педофил, како и тргувањето со инсајдерски информации, илустрира едно нешто: значителен број влијателни Американци се убедени дека правните, моралните и финансиските правила не важат за нив.
Фактите укажуваат дека Америка не е влезена баш во „Златното доба“ што го вети администрацијата на Трамп. А, можеби и е влезена, во зависност од тоа колку вашата канцеларија е блиску до коридорите на моќта“, коментира „Њузвик“.

Македонски


