Skip to main content

Се уште се трага по скопјанка која изчезнала вчера во Карпош

Фејсбук профил

Лидија Велковска Бојчевска, повозрасна жена исчезнала во скопската населба Карпош, а семејството упати апел за помош во потрагата.

Последен пат, жената која пати од деменција била видена вчера, 26 мај, околу 15:15 часот, во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“.

Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели линии.

Секој што има било каква информација или ја видел да контактира на телефонскиот број 070/399-945 или да ја информира полицијата.

Поврзани вести