Skip to main content

Спортскиот новинар Златко Калински ја напиша „Секогаш на врвот“, биографска книга за македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски

Фејсбук профил на Македонски олимписки комитет

Под наслов „Секогаш на врвот“, денеска во Скопје беше промовирана биографска книга посветена на македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски, во авторство на доајенот на спортското новинарство Златко Калински.

Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговиот ангажман како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет.

фото: ФБ профил на МОК

На промоцијата во хотелот „Холидеј Ин“ присуствуваа голем број легендарни спортисти и спортски работници, меѓу кои и претседателот на МОК Даниел Димевски, првиот тренер на Богоевски, Таки Џиков, како и поранешниот прв човек на македонското олимписко движење Васил Тупурковски.

Почесен гостин на промоцијата на биографијата посветена на Богоевски беше македонската претседателска Гордана Силјановска Давкова, негова пријателка од средношколските денови.

Поврзани вести