
Четири лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно 10 пријави во последното деноноќие
На 26.05.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(34) пријави дека во село во општина Зелениково, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот свекор В.Ѓ.(65).
На 26.05.2026 во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 33-годишна сестра и искршил дел од покуќнината.
На 26.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријави дека на 23.05.2026 на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер А.А.(38).
На 26.05.2026 во 21:00 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 70-годишен жител на селотo, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот физички ја нападнал неговата малолетна внука. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 27.05.2026 во 00:20 во СВР Велес, 63-годишен маж од Велес пријави дека на 26.05.2026 во 22:30 часот неговиот 37-годишен син му упатувал закани.
На 26.05.2026 во СВР Велес, 43-годишна жена од велешко пријавила дека околу 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Р.В., кој ѝ упатувал и закани.
На 26.05.2026 во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнал неговиот 64-годишен татко.
На 26.05.2026 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Ѓ.(71) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговиот син и неговата сопруга.
На 26.05.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.Д.(72) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:30 часот во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал неговата 66-годишна сопруга од Тетово.
На 26.05.2026 во 18:30 часот во Полициското одделение Жеровјане, 70-годишник од тетовско село пријавил дека на 24.05.2026 околу 12:00 часот во маркет во друго село бил физички нападнат од неговиот зет Н.А.(75). Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонски


