Skip to main content
rNVotGXS5bk

Со Борисов, Ковачев и Џамбаски тешко, со Радев уште потешко

Венко Филипче кога ќе стане вистински лидер на СДСМ, има желба да биде биде уредник на сите медиуми. Исто како неговиот претпоставен Заев. И Зоки на времето се караше со медуми и прогласуваше телевизии и весници за непријатели на СДСМ. За Венко главни непријатели се Алфа и Република. Какви се погодија лоши, глава не може да крене од нив. За мене свикуваа прес конференции и се караа зошто ми објавувале текстови во Брисел а на Алфа и поднесоа дури и кривична пријава. Им сметало кои се газди на телевизијата. Венко дури им порача дека ќе дојдел кај нив кога ќе се ослобеделе. Од кого?, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“

Во СДСМ се навикнати тие да бидат газди на сите медиуми. Тоа време помина

На Филипче треба да му биде јасно дека не се исплати да се се караш со новинари и медиуми, а ако тоа не му е јасно време е новиот Јавен обвинител Савески да му го објасни на едно кафе. После кафето веројатно нема да има проблем со чувствата туку со фактите пред кои молчат и боговите, а камоли еден Филипче. А да, ова е мое чувство, немам информации дека ќе го викне на гости.

Туку со приватниот Мосад што го следи Филипче до кај сме. Не е добро да се гледааат многу филмови, може човек опасно да се уфилма дека е многу битен.

Румен Rадев извојува убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија и најверојано ќе биде нов премиер. Човекот кој се откажа од претседателската функција за да биде на чело на бугарската влада ќе ги води преговорите со Македонија.

Ако досега не можевме да излеземе на крај со будалетинки како Борисов, Ковачев, Караkaчанов, Џамбаски или Слави Трифонов, кои се на ниво на Заев, со Радев ќе биде уште потешко. Тој е сепак сериозен играч, „руска школа“. Но и Радев ќе има иста политика кон Македонија, ако не и порадикална а тоа е дека македонски јазик не постои а дека македонскиот народ е плод на Коминтерната и на Тито. Е на овие Филипче бара да им попуштиме и да ги ставиме Бугарите во Устав.

Ни остануваат часови до судниот ден на една цивилизација како што најави претседателот на САД Доналд Трамп по примиријето што го договори со Иран. Откако Трамп го нападна Иран, и он не знае зошто, Иран го затвори Ормутскиот теснец, па Трамп го нападна Иран за да го одблокира Ормутскиот тенсец, за потоа Иран уште посилно да го блокира теснецот, па тогаш и Трамп реши да го блокира веќе блокираниот Ормутски теснец. Ме следите ли. Единствениот излез од оваа блокада е Трамп да почне со деблокада на блокираната блокада. Сега ќе му биде и полесно бидејќи ќе го деблокира она што самиот го блокираше. Уф Господ да му е напомош и на светот а и на нас со цената на нафтата. Судниот ден може и ќе го преживееме, што не сме преживеале досега, ама празни резервоари некако потешко.

Поврзани вести