
Два месеца поминаа откако градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски објави дека „активно се работи на трансформирање на просторот зад објектот на Краш, во Градски sид во урбан парк со рекреативни содржини“.
Ги обновуваме пешачките патеки и го решаваме проблемот со протекување на подземните гаражи. Старото детско игралиште го заменуваме со ново, модерно и побезбедно, а поставуваме и фитнес зона за рекреација. Просторот ќе добие ново зеленило, систем за наводнување и урбана опрема, со што ќе го уредиме во современ градски парк, вели градоначалникот во објава на неговата фејсбук-страница на 14 април.
Реалноста денес изгледа поинаку. Местото кое е главно собиралиште на децата од овој реон од април до октомври, сега е претворено во див паркинг.

Плочките и работите горе-долу се застанати на истото место каде што се направени на фотографиите на градоначалникот.

Овој „современ градски парк“ се прави веќе 4 месеци, но досега не се направи.

Жителите на околните згради реагираат дека додека децата немаат каде да играат, возачи користат прилика во строг центар да паркираат без пари. А, црвените таблички кои требаше да ги усрамат службениците, очигледно недоволно го усрамиле возачот на службениот автомобил паркиран тука.


Македонски


