Skip to main content

„Најтрагично, во истово интервју зборувам за тоа како беше претходно злоупотребувана една моја изјава“, вели Николоски за наслов изваден од контекст

Интервјуата се даваат за да се гледаат или читаат целосно. За жал се вади еден сегмент или збор и од тој збор се вади наслов кој не соодветствува ниту со тоа што е кажано во интервјуто ниту со контекстот, реагира вицепремиерот Александар Николоски за насловот со кој е споделено неговото интервју.

Да е најтрагично, во истово интервју зборувам за тоа како беше претходно злоупотребувана една моја изјава околу Албанија. Баш во истово интервју објаснувам како се вадат работите од контекст. Велам: „Единствено имам проблем, не со Вас туку со Ваши колеги новинари, кога од се ова што кажувам ќе ми извадат наслов од 5 збора и комплетно ќе отиде контекстот во друга насока.” Како и да е – ЕУ е број 1 партнер на регионот и на Македонија и местото на Македонија е во ЕУ. Ние за тоа работиме и не случајно посветуваме толку време и енергија на Планот за раст и реформите предвидени во него. Сè друго е спин и манипулација!, вели Николоски во реакцијата.

Поврзани вести