Skip to main content

На Кошта му истакнав дека граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е во официјална посета на Македонија. Како што сподели Мицкоски, на средбата разговараа за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија.

Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување на демократските институции и забрзување на европската интеграција.
Истакнав дека граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат, а поддршката и партнерството од Европската Унија се од особено значење за остварување на тие цели, вели Мицкоски.

Следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет, а потоа
Мицкоски и Кошта ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни.

Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

Поврзани вести