Skip to main content

86-годишник од Косово на скопскиот аеродром фатен со 20 куршуми

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К. (86) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Според информациите од МВР, на 12 мај годинава, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при излез од државата, полициските службеници извршиле преглед на патникот.

При контролата кај него биле пронајдени и одземени 20 куршуми со калибар 6,35 милиметри.

По документирањето на случајот, СВР Скопје поднесе соодветна кривична пријава против косовскиот државјанин.  

Поврзани вести