Skip to main content

Две деца тешко повредени откако се превртеле со четирицикл

Двајца малолетници на возраст од 13 и 14 години се повредиле откако нивниот четирикл се превртел во близина на основното училиште во село Дебреше, гостиварско. 

На 01.08.2026 во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од с. Чегране, а како сопатник бил 13- годишник од с. Дебреше, излетал од патот. Двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар

Поврзани вести