
Репрезентативецот на Белгија Кевин де Бруин е пред нов трансфер односно дресот на Наполи ќе го замени со дрес на клуб од Турција. За искусниот фудбалер интерес постои од Галатасарај и се очекува во следните денови турскиот шампион да испрати понуда до играчот.
Најавите се дека Галатасарај подготвува двегодишен договор и дека финансиските услови ќе бидат поволни за фудбалерот.

Македонски


